Македонија
7. July 2018 - 11:13

Во Прилеп отворена изложбата „Живееме, танцуваме, тагуваме“

Во ликовната галерија од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп синоќа беше отворена изложбата „Живееме, танцуваме, тагуваме“ од прилепскиот уметник Моника Десоска Каргова.

Своите дела Десоска Каргова од овој циклус ги создавала во поледните девет години.

Според Ана Јосифоска, историчар на уметност, која ја отвори изложбата пред прилепската публика, почетоците на уметникот Десоска Каргова се од прилепското поднебје, или поточно, нејзиното претставување почна токму од Центарот за култура.

- Ликовниот јазик на Моника Десоска Каргова се заснова на добро познати ликовни елементи, кои софистицирано го подржуваат визуелниот говор и нејзиниот личен сензибилитет. Делата заведуваат со минималистичко претставување на фигурите, кои танцуваат, разговараат и ненаметливо ни ја раскажуваат приказната. Моника Д.К. ја постигнува илузијата на простор, преку играта на бојата притоа не нарушувајќи ја минималната употреба на формата и постигнатата просторна хармонија. Употребата на сегментите на небо, земја, воздух и море создава длабочина која ја потенцира безграничноста, динамиката и енергијата со која се поистоветуваме. Сензибилитет, истакна Јосифоска.

Прилепскиот уметник Моника Деоска Каргова досега има 10-ина самостојни и 18 групни изложбиво земјава и странство.