Во Прилеп отворена изложбата „Состојби“ од Александар Станкоски
Изложбата на слики „Состојби“ на уметникот Александар Станкоски синоќа беше отворена во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.
Станкоски пред прилепската јавност се претставува со 30 дела, а изложбата ќе биде отворена две недели.
Според историчарот на уметност Викторија Димеска, која ја отвори изложбата, творештвото на Станкоски се одликува со динамичен цртеж, робусен облик на фигурата и експресивна чиста боја со изразена јасност и моќност.
– Динамичната линија и експресивноста на бојата, како и пародискиот и ироничниот призвук претставуваат основно изразно средство на уметникот при наративното конституирање на композицијата. Меѓутоа, идејата е таа која што претходи во креативниот творечки процес на Станкоски. Па, оттука, неговото творештво често се карактеризира и дефинира истовремено како експресионистичко и апстрактно. Во творечкиот опус можат да се воочат комбинирани разновидни стилови и елементи, кои имаат функција да го пренесат примарното сфаќање и обликувањето на определената содржина – стрипот, карикатурата, графитот, цртежот, илустрацијата, фотографијата, рече Димеска на отвоарањето на изложбата.
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори
-
Хроника на изборни нерегуларности за првиот круг на претседателските избори
-
Анализа на првиот круг од претседателските избори
-
Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда
-
Груби со куфер од пред Општина Чаир побара да си одат четворицата претседатели од албанската опозиција
-
Таткото на Вања Ѓорчевска оди во куќен притвор
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден