Македонија
12. October 2018 - 9:04

Во Прилеп отворена изложбата „Не-дефиниран урбанизам“

„Не–дефиниран  урбанизам“ е изложбата што синоќа беше отворена во ликовната галерија при Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп од уметниците Катерина Деспот и Васка Сандева.

Според Лазе Трипков, вонреден професор и визуелен уметник и критичар, серијалот на Деспот и Сандева наречен не-дефиниран урбанизам е со посебна цел.

- Серијалот има цел да се спротивстави и да понуди можно сликарско-архитектонско видување како критички одговор на пренагласеното „преземање“ на зелените површини на Скопје. Уметниците Деспот и Сандева ја истражуваат и ја потврдуваат современата тенденција и културолошката врска минато - сегашност како парадигма на еден комплексен систем на урбани вредности и неговите недостатоци. Преку нивната авторска изложба посветена токму на солидарноста, визуелните ликовни и функционални истражувања на урбанистичкиот дискурс и претпоставениот „континуитет“, овозможуваат еден поинаков експресивен уметнички поглед, вели Трипков.

Катерина Деспот и Васка Сандева се професорки на катедрата за архитектура и дизајн на Ликовната академија во Штип при универзитетот „Гоце Делчев“.