Македонија
6. August 2016 - 19:15

Во Прилеп отворена џамија на ромската муслиманска заедница

По четиригодишната интензивна градба, се освети првата новоизградена џамија во ромската населба “Тризла” во Прилеп. Џамијата се изгради со донации од верниците, но и со помош од ЛС, а  со цел - задоволување на верските потреби на неколкуте илјади жители од оваа населба. За министерот без ресор, Неждет Мустафа, кој присуствуваше на осветувањето, џамијата во Прилеп е симбол за почитта и грижата кои ЛС ги покажува кон ромската популација, што треба да биде пример и за другите општини.
                          
Објектот се простира на површина од 980 метри квадратни, а неговата вредност е над 300 илјади евра, и е влезен во новиот ГДУП на градот.
   
Овој исламски верски објект е прв новоизграден објект од таков тип во општината. Неговата изградба започна во октомври 2012 година, на иницијатива на ромското население од исламска вероисповед.