Македонија
25. March 2017 - 9:21

Во Прилеп ќе се одбележи Светскиот ден за поддршка на лицата со епилепсија

Подигнување на свеста во општеството за лицата со епилепсија и нивните исклучителни потенцијали е целта на утрешното одбележување на Светскиот ден за поддршка на лицата со епилепсија во повече од 100 земји во светот.

Здружението „Епилепсија Македонија“ во соработка со Лигата за борба против епилепсија на Република Македонија под мотото „Твојата промена може да направи промена“ ќе го одбележи „Виолетовиот ден“ денеска на градскиот плоштад “Методија Андонов-Ченто“ во Прилеп, а утре на „Широк сокак“ во Битола, и на плоштадот „Македонија“ во Скопје.