Македонија
14. July 2016 - 15:18

Во Прилеп формирана 21 основна организација на Независниот полициски синдикат

Во Прилеп денеска е формирана 21 основна организација во рамки на Независниот синдикат на полицијата. 
Претседателот на гранскиот синдикат Гоце Делчев Тодев ги запозна претставниците на полициските станици за граничен надзор од пелагонискиот регион за што ќе се залага синдикатот.
 
- Во синдикалната организација се претставници од полициските станици за граничен надзор и ги опфаќа вработените кои се на работа во граничниот појас со нашиот јужен сосед. Синдикатот ќе се залага за остварување на нивните работнички права, пред се за почитување на работното време и валоризирање на работните часови, ќе се залага за моторните возила кои ги користат за одење и враќање до работното место, за опремата што ја користат вработените и за унапредување и добивање пософистицирани предмети и објекти кои ќе го спречуваат начинот на спречување на илегалните мигранти кои ја поминуваат границата со што Македонија ќе биде безбедносно посигурна за сите граѓани, изјави Делчев Тодев.
 
Синдикалните претставници и членовите ќе имаат правна и адвокатска заштита. Според претседателот на гранскиот независен синдикат Гоце Делчев Тодев, синдикатот брои 870 членови.