Во Прилеп денеска гласаат 29 заболени и граѓани во изолација
Во Прилеп денеска гласаат 29 граѓани заболени од корона вирусот и во изолација. Специјалниот одбор од медицински лица изутрината од Општинската изборна комисија го подигна гласачкиот материјал, заштитната опрема и според протоколите за заштита, со скафандри и примена на мерките го спроведува гласањето во домовите на граѓаните.
Според доктор Билјана Кржеска, претседател на одборот преземени се сите мерки.
– За прв пат, специјално формираниот одбор од три медицински лица и двајца претставници од партиите спроведува гласање на заболени лица и на граѓани во изолација. Процесот е според сите протоколи на Државна изборна комисија, на Министерството за здравство и мерките согласно со Светската здравствена организација. Гласањето е вообичаено, но плус се дезинфицира, се навлекуваат ракавици, а гласачкото ливче се запечатува во плико со бројот на избирачкото место. Имаме краток контакт, а користиме комплетна заштитна опрема, вели Кржеска.
Утре, во Прилеп, ќе гласаат 489 болни и немоќни лица. В среда пак, своето право на глас ќе може да го остварат 64 004 граѓани. Од 142, ќе се гласа на 130 избирачки места, зашто 12 се присоединети оти имаат помалку од 10 гласачи. Поради безбедност и заштита на граѓаните, 13 избирачки места се дислоцирани за да ги задоволат просторните услови.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари