Македонија
7. April 2020 - 15:29

Во Прилеп 34 заболени со коронавирус, градот денеска целосно се дезинфицираше

Во Прилеп е регистриран еден новозаразен од коронавирус со што бројката на заболени е 34. Во моментов во самоизолација се 194 лица и нема прекршувања ниту на полицискиот час ниту на мерката самоизолација.

Во прилепската болница на инфективното одделение има четворица пациенти заразени од коронавирусот од кои еден е во тешка состојба и можно е да биде префрлен на Инфективната клиника во Скопје. Во изолација на инфективното одделение е едно лице за кое се чекаат резултатите од тестирањето.

Имено, денеска на територијата на градот се вршеше комлетна дезинфекција како превентивна мерка за заштита.