Во претрес на домовите на двајца скопјани пронајдени оружје и дрога
– Полицијата во домовите на двајца скопјани пронајде и одзеде 200 грама хероин, околу 500 грама марихуана, околу 20 грама кокаин, околу 100 грама хашиш, 10 таблети екстази како и четири дигитални ваги, пиштол „Ekol“ со рамка, револвер, околу 20 куршуми различен калибар, повеќе сим картички, панцири, фантомки и лисици, еден пушко – митролез и марихуана..
Министерството за внатрешни работи соопшти дека Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија ги лиши од слобода М.М. (26) и Ф.Ј. (20) од Скопје, поради основано сомнение за сторени кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидени и казниви по член 396 и 215 од КЗ на РМ.
По издадени наредби од Основен Суд Скопје 1 Скопје беа извршени претреси во домовите на М.М. и Ф.Ј. на ул „Бутелски венец“ во Скопје.
При претресот кај М.М., пронајдени се околу 200 грама хероин, околу 500 грама марихуана, околу 20 грама кокаин, околу 100 грама хашиш, 10 таблети екстази како и четири дигитални ваги, пиштол „Ekol“ со рамка, револвер, околу 20 куршуми различен калибар, повеќе сим картички, панцири, фантомки и лисици.
Вториот претрес е извршен кај лицето Ф.Ј. при што кај истиот е пронајден еден пушко – митролез и марихуана.
По целосно документирање, против М.М. и Ф.Ј. ќе биде поднесени соодветни пријави
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок