Свет
23. November 2015 - 8:35

Во престрелка во Њу Орлеанс повредени 16 лица

Шеснаесет лица се повредени при престрелка меѓу две групи во парк во Њу Орлеанс, во американската сојузна држава Лујзијана.

Според очевидците двете групи синоќа почнале да пукаат една врз друга. а по инцидентот тие го напуштиле паркот.

Повредените се хоспитализирани, но не е позната нивната здравствена состојба.