Македонија
4. јуни 2018 - 19:21

Во престрелка со „Тигрите“ убиен бегалец, осуден на 26 години затвор за 16 тешки кривични дела

Жител на тетовско Ларце со дебело криминално досие баран повеќе од една деценија утринава е застрелан од полицијата. Неколку часа траела акцијата на специјалците на МВР за приведување на 38 годишниот Ј.Р. По претходно направен план, полицијата ја опколило куќата на криминалецот но тој веднаш дал отпор.. Во самоодбрана фрлил рачна бомба. Од МВР велат дека по ова облекол панцир, со себе зел автоматска пушка со три рамки оружје, пиштол и четири рачни бомби па побегнал на околу 200 метри од својот дом.. Со ова не престанала престрелката. Тој повторно се обидел да фрли рачна бомба кон специјалците но бил застрелан.

Малкумина од жителите сакаа да говорат за акцијата на МВР. Роднините на убиениот не дозволуваа да се снима нивнит дом.. Рекоа дека во селото имало многу полиција и таа ја снимала целата акција.

Речиси половина ден беше забранет пристапот во Ларце. Увидни екипи на полицијата и обвинителството неколку часа собирале докази од местото. Доцна попладне сите заедно го напуштија селото.

Според МВР, 38 годишниот криминалец бил баран за издржување 27 годишна затворска казна.. Бил осуден за дури шест кривични дела. Обвинителствата во Скопје и Тетово го гонеле за убиство, обид за убиство, нелегално поседување оружје, грабнување, кражба на возила, учество во тепачки.