Македонија
31. January 2017 - 11:33

Во прекин сообраќајот Скопје - Тетово поради протест на вработени од „Југохром“

Сообраќајот на автопатот Скопје - Тетово кај наплатната рампа „Желино“ е во прекин во двата правца поради протест на вработените од фабриката „Југохром“.

Авто мото сојузот на Македонија соопшти дека блокадата почнала од 11 часот и оти сообраќајот е пренасочен по локалниот пат.