Македонија
23. February 2016 - 10:05

Во прекин сообраќајот на граничниот премин Меџитлија

Поради штрајк на грчките земјоделци од девет часот утринава во целосен прекин е сообраќајот за влез и излез од Македонија на граничниот премин „Меџитлија“, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) врз основа на информација  од МВР.

Прекинот на сообраќајот, според најавата, ќе трае до 15 часот и ќе продолжи од 17 до 21 часот.