Во прекин патот Крива Паланка - село Огут поради свлечиште
На патниот правец Крива Паланка - село Огут сообраќајот е во прекин поради свлечиште, додека на патниот правец Макази - граничен премин Маркова Нога кај местото Долги Рид, исто така поради свлечиште, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри, соопшти АМСМ.
Екипите на ЈП „Македонија пат“ работат на расчистување на свлечиштето и нормализација на сообраќајот на патот Крива Паланка - Огут, а на патот Макази - Маркова Нога е поставена соодветна сигнализација.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците е можна појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Ново на Сител
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата
-
Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи