Македонија
7. February 2018 - 13:22

Во прекин патот Кочани-Македонска Каменица поради свлечиште

На патниот правец Кочани - Македонска Каменица кај месноста викана Драки има свлечиште поради што сообраќајот е во прекин, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

Претходно, околу пладне „Македонија пат“ соопшти дека врнежи од слаб снег има на Попова Шапка и на планинскиот превој Стража, но оти тие не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.