-->
-->
Во пожарот во фабриката за литиумски батерии во Јужна Кореја животот го загубија 22 лица
-->
Во пожарот што денеска избувна во јужнокорејската фабрика Хвасеонг во близина на Сеул, а за кој постои сомневање дека е предизвикан од експлозија на литиумски батерии, животот го загубија 22 лица.
Меѓу загинатите има 18 кинески државјани, двајца јужнокорејци и еден државјанин на Лаос, а осум лица се повредени, соопштија властите. Едно лице се уште не е идентификувано.
Во моментот на пожарот во фабриката работеле 102 лица.
Како што соопштија од Противпожарната служба, според сведочењето на преживеаните, пожарот избувнал кога батериите експлодирале додека работниците ги прегледувале и пакувале на подот на фабриката.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се скарале па го турнал по скали
-
Маж пронајден починат на паркинг во Центар, телото предадено на обдукција
-
Почина работник откако врз него паднал бетонски столб
-
Со скалпел го исекол на вратот и увото, обид за убиство на малолетник во тетовско
-
Вучевиќ: Во септември 2025 година првата класа на Војската на Србија од редовниот регрутен состав
-
Телото на Хасан Насрала е пронајдено, соопштија лекар и припадник на безбедносните сили
-
Во Кичево приведен бегалец од затвор, спроведен е за доиздржување на казната
-
МЗТ Скопје по седми пат го освои Суперкупот