Во пожарите во Турција загинаа осум лица, активни 11 пожари, изгаснати 153
Најмалку осум лица загинаа во пожарите во Турција, што избија во 38 провинции од минатата среда.
– Во Турција се изгаснати 152 пожари, а напорите за гаснење на уште 11 продолжуваат, изјави министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли.
Тој рече дека 16 авиони, девет беспилотни летала, 51 хеликоптер, еден дрон, 155 парчиња градежна опрема и 5.200 луѓе се борат со огнот.
Пакдемирли информира дека се погодени 2.219 земјоделци во пет провинции, 18 окрузи и 78 села.
Во Мармарис е забележана рекордна температура на воздухот од 45,5 степени Целзиусови.
– Претходниот рекорд беше 45,2 степени, во јули 1988 година, додаде министерот Пакдемирли.
Според него, екипите испратени да го изгаснат пожарот во областа Манавгат во Анталија добро напредуваат.
Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу на заедничката прес -конференција во областа Мармарис, во јужна Турција, рече дека поради пожарот се евакуирани 16.603 жители од 3.219 домаќинства во 28 населени места.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората