-->
-->
Во пожарите во Колорадо снимено "огнено торнадо" кое остава пустош зад себе
-->
Во неколку американски сојузни држави, веќе со месеци беснеат огромни пожари со кои пожарникарските екипи многу тешко се справуваат. Илјадници пожарникари, специјални возила и хеликоптери се ангажирани во гасењето на пожарите во неколку американски држави.
Сезоната на пожари во САД моментално е во полн ек, а покрај тоа што беснеат неколку големи пожари во Калифорнија, пожар беснее и во Колорадо, а за тоа каква е ситуацијата таму, најдобро може да се види на фотографијата погоре која што ја направил пожарникар во близина на Волден.
Имено, пожарникарот успеал да фотографира огнено торнадо, а американските медиуми тврдат дека иако ваквите „торнада“ траат многу кратко, сепак можат да бидат исклучително опасни.
Како и да е, сепак, не станува збор за комбинација на пожар и торнадо. Ваквите „торнада“ настануваат кога топол и сув воздух, кој е поблиску до земјата, започнува наеднаш да се подига и да се врти во круг, формирајќи вртлог.
Пожарите во овој дел од земјата, како што пренесуваат американските медиуми, се голем проблем за пожарникарите уште од јуни оваа година, а иако со пожарите се борат голем број на противпожарни екипи, тамошните медиуми и експерти проценуваат дека огнената стихија ќе биде ставена под контрола некаде кон октомври.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош