Македонија
21. December 2019 - 17:05

Во пожар во Велес загина повозрасен маж, изгоре куќа овековечена во филмски сцени

Чад, урнатити, пеплосан мебел- оав е се што остана од велешка архитектура позната меѓу народото како Варналиите. Во пожарот, кој до темел  ја изгоре спомен-куќата  загина  едно лице. Станува збор за 80 годишниот  дедо Миле, кој цела ноќ останал затрупан. Соседите, кои први излегле да помогнат,  се уште не можат да се соземат од трагедијата.

Пожарот се проширил и на соседната куќа, која исто така е култорно наследствто. За среќа, нема поголеми оштетувања.

Од против пожарната бригада велат дека, непристапноста до теренот е главниот проблем поради кој отежнато се одвивало гаснењето на пожарот.

Причините поради кои настанал пожарот засега се непознати. Од МВР велат дека најверојатно бил предизвикан од печка на која се греел сопственикот.

Градоначалникот на Велес, изрази жалење поради трагедијата и загубата на куќата  која беше споменик на културата. Рече дека државата треба повеќе да се грижи за објектите заштитени со закон.

Куќата беше дел од Јадрото на Варналиите, изградена во 19 век.  Објектот беше дел од повеќе играни филмови и промотивни видеа за Велес. режисерот Милчо Манчевски снимаше делови за спотот за убавините на Македонија.