Македонија
16. February 2017 - 14:09

Во пожар во куќа во Локвица еден загинат, двајца повредени

Вчера околу 22.00 часот во с.Локвица-Македонски Брод, од засега непознати причини избувнал пожар во куќа сопственост на С.С. (78), во кој истиот починал, додека неговите синови Л.С. (50) и Т.С. (48) се здобиле со изгореници и биле 
пренесени во Медицински центар Прилеп и се наоѓаат надвор од животна опасност.
 
Куќата била целосно опожарена, а на местото интервенирала Територијалната противпожарна единица Македонски Брод.
 
Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.