Македонија
20. October 2018 - 11:05

Во пожар во куќа изгоре сопственикот

Жител од селото Узем, Крива Паланка, изгорел во пожар што вчера утрото избувнал во неговата куќа во селото. Според полицијата, животот го загубил Љ.С.(58).

Истрагата утврдила дека околу 7 часот од засега непознати причини избувнал пожар во куќата на Љ.С. во селото Узем.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица. При увидот било пронајдено опожареното тело на сопственикот.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС Крива Паланка. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.