Свет
13. August 2018 - 9:33

Во пожар во болница на Тајван загинаа девет пациенти

Најмалку девет пациенти загинаа, десет се во тешка здраствена состојба, а шест се полесно повредени во пожар што изби во болница во северниот дел на Тајван.

Пожарот изби на седмиот кат, каде биле сместени 33 критични пациенти.

- Повеќе од 20 пациенти се испратени во други болници, соопшти градската управа на Синбеј.

Огнот бил изгаснат за еден час, а истрагата за причината за пожарот е во тек.