Македонија
22. May 2020 - 13:49

Во пожар изгоре магацински простор за резервни автомобилски делови во Радишани

Магацински простор за резервни делови за стари половни возила во близина на бензинска пумпа на влезот во Радишани е опожарен денеска околу 13 часот. Нема повредени, причинета е само материјална штета.

– Пожарот веќе е локализиран и се работи на негово расчитување, изјави командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Владимир Симоновски.

Во гаснењето на пожарот учествувале 25 пожарникари со десетина возила.

Пожарот е пријавен во ТППЕ околу 13:15 часот.