Македонија
21. July 2021 - 12:01

Во пожар целосно изгоре ресторан во Желино

Во пожар кој се случи денеска во раните утрински часови целосно е опожарен ресторан во Желино.

Шест пожарникари од Територијалната противпожарна единица Тетово веднаш се упатиле на местото со две противпожарни возила, при што гаснењето на огнот траело нешто повеќе од три часа.

– Во Територијалната противпожарна единица во 4 часот и 8 минути беше пријавено дека има пожар на стариот пат од Тетово кон Желино. Од наша страна веднаш е излезено на лице место и беше утврдено дека гори ресторан. Имаше и плински боци кои претставуваа опасност. Интервениравме и пожарот беше локализиран во 7 часот и 20 минути. Повредени нема, а причинета е голема материјална штета, информира Ука Алити, командир на Територијалната противпожарна единица Тетово.

Инаку тетовските пожарникари секојдневно имаат интервенции. Вчера гаснеле два пожари, првиот на електричен столб во Џепчиште и вториот на отворено во близина на тетовско Теќе.