Во повеќе кинески градови воведен црвен степен на предупредување за загадување од смог
Повеќе кинески градови денеска, по првпат, во сила го ставија црвениот степен на предупредување од загадување, како одговор на предвидувањата за обилен смог. Ова се случува откако властите во Пекинг двапати во текот на овој месец ја активираа истата мерка, особено по критиките затоа што тоа не го сториле порано.
Провинцијата Шандонг, на истокот од Кина, прогласи тревога во четири градови, покрај предупредувањето дека густината на загадувачките честички во воздухот може да ги надмине високите нивоа во текот на повеќе од 24 часа, пренесуваат американските медиуми.
Канцеларијата за заштита на животната средина во Шандонг соопшти дека од утринава во сила е црвениот степен на предупредување.
Метеоролошките власти во Хебеј, која се смета за најзагадена провинција во Кина, во вторникот првпат издадоа црвен степен на предупредување за загадување од смог.
Градовите во провинцијата Хебеј потоа ги презеле потребните мерки, при што Сјингтај и Хандан ја засилиле контролата во сообраќајот за да го преполоват бројот на возила на патиштата, наведува Канцеларијата за заштита на животната средина во Хебеј.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење