Свет
22. October 2020 - 12:02

Во повеќе европски земји регистрирани рекордни бројки на новозаразени луѓе

Во повеќе европски држави  регистрирани се рекордни бројки на новозаразени со Ковид-19, додека во Франција и во Шпанија бројот на инфицирани се искачи над еден милион.

Институт Роберт Кох денеса соопшти дека во изминатите 24 часа во Германија регистрирани се 11.287 новозаболени лица и 30 смртни случаи.

Рекорден број на новозаразени се регистрирани и во Полска и во Чешка.

Во Полска во изминатото деноноќие регистрирани се 12.107 новозаболени лица и 168 смртни случаи.

Додека во Чешка во изминатите 24 часарегистрирани се рекордни 14.968 луѓе инфицирани со новиот коронавирус.Во истиот период 69 луѓе починале од последици од Ковид-19.

Од почетокот на пандемијата, Чешка, со население од 10,7 милиони жители, бележи најголем пораст на бројот на новозаболени во Европа. Досега се потврдени 208.915 инфицирани лица и 1.793 смртни случаи.

Бројот на заразени луѓе во Ковид-19 во светот се искаи на 41 милион.