Во последните 24 часа во светот од Ковид-19 умреле 18.000 лица
Пандемијата на Ковид-19 секојдневно зема се поголем број жртви ширум светот, а во последните 24 часа е регистриран најновиот црн рекорд со повеќе од 18.000 смртни случаи, додека новите видови коронавирусот, што се многу позаразни, незапирливо се шират во нови земји.
Вкупниот број на официјално пријавени случаи на инфекција во светот надмина 100 милиони, а Светската здравствена организација (СЗО) вчера предупреди дека новите видови на вирусот се уште се шират.
Британскиот вид на коронавирусот веќе е проширен во 70 земји, а јужноафриканскиот во 31 земја.
За првпат од избувнувањето на пандемијата, пред два дена, во вторникот, беа регистрирани 18.109 смртни случаи ширум светот, покажуваат податоците на светските агенци собрани вчера врз основа на извештаите на националните здравствени власти, пренесе Хина.
Овој број го потврдува трендот забележан на почетокот на јануари за драстично зголемување на смртноста, побрзо поместување на дневната граница на смртност и израмнување на кривата на се повисоки показатели (во просек 14.000 смртни случаи на 22 јануари во однос на 10.000 на крајот на ноември).
Досега од Ковид-19 во светот умреле 2,16 милиона лица.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање