Балкан
6. April 2016 - 11:02

Во последните 24 часа во Грција не пристигнале нови бегалци

На грчките острови во северниот дел на Егејското Море во изминатите 24 часа не пристигнал ниту еден бегалец, што е прв ваков случај по неколку месеци, јави дописникот на МИА од Атина.

Според локалната полиција,  пред да влезе во сила договорот за реадмисија, 463 бегалци приситгнале на Лезбос и 208 бегалци на Самос. Сите се сместени во објекти вон пунктовите.

Координативното тело за управување со бегалската криза соопшти дека на територија на Грција денеска има повеќе од 53.000 бегалци и мигрантите.

Сепак, во денешниот извештај на ова тело стои дека од утрово во 7 и 30 часот се регистрирани 68 нови пристигнувања на островите.