Во поројните дождови во Кина загинаа најмалку 50 лица
Во тридневните дождови во јужна Кина загинаа најмалку 50 лица, а 12 се прогласени за исчезнати, соопштија локалните власти, пренесува БТА.
Одделот за граѓански дела во централната провинција Хубеи соопшти дека поројните дождови го одзеле животот на 27 лица од четвртокот наваму. Дванаесет лица се прогласени за исчезнати, а околу 400 000 луѓе во провинцијата се евакуирани или им е потребна помош.
Во планинската провинција Гуејчжоу во југозападниот дел на Кина беше потврдена смртта на 23 лица, кои загинаа при лизгање на земјиштето во петокот.
Бури, придружувани од дождови, се вообичаена годишна појава во Јужна Кина, но овој пат сезоната на дождови беше со особено висока влажност, забележуваат медиумите. Канцеларијата, која ги следи поплавите на реката Јангцен, им нареди на локалните власти да се подготват за тешки поплави.
Дванаесет рудари се блокирани во поплавен рудник за јаглен во провинцијата Шанкси, соопшти ТАСС. Започната е операција за нивно спасување, а полицијата ги истражува причините за инцидентот.
Ново на Сител
-
ЦУК со апел за внимателност поради најавените метеоролошки промени
-
Во Грција уапсени 67 лица за спортско насилство и убиство на полицаец
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи