Македонија
1. September 2018 - 11:40

Во понеделник и вторник во Кичево прскање против комарци

Во понеделник и во вторник екипа од Центар за јавно здравје Битола ќе спроведува теристичко дезинсекционо третирање за заштита од комарци во Кичево. 
 
- Запрашувањето ќе се врши во периодот од 20:00 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило, информира раководителот на РЦУК-Кичево Сузана Тасеска.
 
Во прва фаза ќе бидат опфатени 800 хектари во градот Кичево и урбаните населби Осломеј, Зајас, Другово и Вранештица.
 
Со дезинфекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјата по течението на реките и водотеците, застојните води, подрачјата околу каналните системи на територијата на Општината, урбаните населби и локалитети регистрирани во договор со локалната самоуправа, како потенцијални жаришта за развој и размножување на комарците.
 
Во случај на неповолни временски услови (ветер,дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.