Бизнис
20. April 2018 - 19:49

Во понеделник блокадите од Плетвар се селат во Скопје, вработените од Еурокомпозит револтирани од односот на владата

И денеска втор ден вработените во Ерукомпозит го блокираа патот Прилеп-Скопје. Велат дека никој не сака да ги слушне ниту пак им се јавил.

Револтирани се од вчерашната изјава на претставникот на државниот капитал дека мора да чекаат уште 30 дена за да се изберел нов директор и тие да добијат плата.

Сега велат дека планираат да си поднесат колективна оставка и од понеделник да штрајкуваат пред Влада.