Свет
24. July 2020 - 18:08

Во Полска забележан најголем дневен пораст на новозаболени со Ковид-19

Во Полска во изминатите 24 часа потврдени се 458 новозабоелни лица со Ковид-19, што е најголем дневен пораст за повеќе од еден месец, соопшти Министерството за здравство.

Растот на инфицирани лица со новиот коронавирус е предизвикан од најголемото жариште во Полска односно трите рудници за јаглен во регионот Горна Шлезија. Околу 40 проценти од новозаразените се од Горна Шлезија.

Рударите се 16 отсто од сите досега регистрирани случаи на Ковид-19 во Полска, но според Министерството за здравство, 97 проценти од нив немале симптоми.