Свет
19. September 2020 - 14:20

Во Полска регистрирани рекордни 1.002 случаи на Ковид-19

Во Полска денеска се регистрирани 1.002 нови слуичаи на Ковид-19, што е најголема броја од почетокот на пандемијата, соопшти полското Министерство за здравство.

Рекордно високиот дневен биланс е забележан откако властите ги заострија условите според кои лекарите ги испраќаат пациентите на тестирање.

Критичарите на новите правила тврдат дека треба да се ограничи бројот на граѓани кои се тестираат на новиот коронавирус.