Свет
31. October 2020 - 12:51

Во Полска речиси 22.000 новозаразени со Ковид-19 за еден ден

 Полска денеска соопшти за рекордни речиси 22.000 нови случаи на заразени со Ковид-19,во момент кога во државата има протести по воведувањето на законот за абортус.

Регистрирани се 21.897 нови случаи на заразени со новиот коронавирус, а 280 лица починаа како резултат на Ковид-19.

Во Полска има протести по минатонеделната одлука на Уставниот суд, што претставува речиси целосна забрана за абортус.

Министерството за здравство соопшти дека заклучно со денеска, хоспитализирани се 16.144 од кои 1.305 се на рееспиратори во споредба со 15.444 и 1.254, соодветно, еден ден претходно.