Свет
4. January 2016 - 10:51

Во Полска 12 луѓе починаа поради екстремно ниските температури

Најмалку 12 луѓе за време на викендот починаа во Полска поради исклучително ниските температури, јавија денеска полските медиуми.

Температурата во саботата вечерта во североисточниот дел на Полска беше минус 20 степени, додека во Варшава во неделата утрото живата на термометарот се спушти на 16 степени под нула.

Полицијата покрена акција во целата земја за помош на бездомниците.

Полицијата апелира граѓаните да ги известат нив или пожарникарите доколку знаат места каде луѓето спијат на отворено.