Македонија
20. September 2020 - 16:43

Во полициски акции откриени 28 мигранти

Во две одделни акции МВР утрово пронајде 28 мигранти, приведени се три лица. Две од село Ваксинце каде биле пронајдени 10 мигранти од Бангладеш, и едно лице од Лојане кој во својот дом криел дури 18 мигранти од Пакистан и Авганистан.

„Во текот на денешниот ден приведените лица ќе бидат иведени пред суд, а мигрантите ќе бидат префрлени во прифатниот центар „Винојуг“, Гевгелија. До јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ вели Сузана Праниќ Талевска, портпарол на МВР.

Мерка притвор МВР бара и за двајца жители на Кичево кај кои вчера биле пронајдени поголема количина на дрога, пари и оружје. Двете лица и претходно и биле познати на полицијата, но бројните кривични пријави поднесени против нив оваа и изминатата година немале никаков ефект.

„Извршен е претрес во нивниот дом во Кичево, при што се пронајдени кокаин, херион, марихуана, вага за мерење и големи износи на парични средства, за кои постои сомневање дека потекнуваат од продажба на наркотични дроги. Покрај ова, против С.А и А.А во изминатиот период се поднесени бројни кривични пријави до надлежното Јавно обвинителство и Судот, поради агресивно и насилно однесување, загрозување на сигурност и упатување на сериозни закани по граѓани и полициски службеници и нивните семејства, но завршиле без успех“ вели Сузана Праниќ Талевска, портпарол на МВР.

Минисерството за внатрешни работи ги расчистува и двата инциденти предизвикани од навивачки групи вчера и минатата недела. Досега се идентификувани 16 лица против кои ќе биде поднесена соодветна пријава.