Балкан
28. May 2019 - 13:28

Во полициската акција во Косово повредени четворица полицајци и двајца цивили

Четворица припадници на косовската полиција и двајца цивили се хоспитализирани денеска во болницата во јужниот дел на Митровица, по акцијата на полицијата во северно Косово и протестите на локалното српско население поради апсењето на неколку полицајци од српска националност, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според болнички извори, еден од полицајците е ранет од огнено оружје, додека другите тројца се повредени од други предмети.

Двајцата цивили, едниот косовски Србин, а другиот руски државјанин, исто така не се повредени од огнено оружје, туку од други предмети, за време на протестот против полициската акција.

Сите повредени се во стабилна здравствена состојба, информираат од митровичката болница.