Македонија
27. April 2018 - 13:57

Во полициска акција во Србија уапсени двајца Македонци: Кога го отворија резервоарот, ги открија што спакувале во 10 шишиња

На граничниот премин Хоргош запленети се повеќе од 9 килограми марихуана и уапсени се двајца македонски државјани, соопшти денеска српското МВР.

При преглед на резервоарот на возилото „опел астра“ со македонски регистарски ознаки, полицијата пронајде десет пластични шишиња наполнети со вкупно 9 килограми и 377 грама марихуна.

Поради постоење основано сомнение дека извршиле кривично дело неовластено производство и ставање во промет на опојни дрога, на осомничените И.М. (32) и А.А. (37) им е одредено задржување до 48 часа, по што со кривична пријава, ќе бида приведени во вишото јавно обвинителство во Суботица.