Во подметнатиот пожар во Јапонија загинаа 33 лица
Бројот на жртви во пожарот во зградата на студиото за анимација „Кјото енимејшн“ во западниот јапонски град Кјото нарасна на 33 лица и се верува дека веќе нема исчезнати лица, соопштија властите.
Претставникот на пожарникарската служба на Кјото, Казухиро Хајаџи, изјави дека 36 лица се повредени, од кои 10 се наоѓаат во критична здравствена состојба.
Според Хајаџи, пожарникарите на последниот трети кат од зградата пронашле најголем дел од жртвите, вклучувајќи ги и оние кои се онесвестиле на скалите што водат кон покривот. Две тела биле пронајдени на првиот кат, 11 на вториот и 20 на третиот, пренесоа американските медиуми.
Според јапонските медиуми, осомничениот најверојатно пожарот го подметнал на главниот влез, присилувајќи ги луѓето да се обидат да пронајдат други излези, што го забавило нивното бегство од зградата.
Ова е најсмртоносниот ваков случај во Јапонија од пожарот во 2001 година во кој загинаа 44 лица, во еден забавен парк во Токио
Осомничениот за подметнување на пожарот, исто така, е повреден и се наоѓа во болница.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.