Во подготовки Едукативен центар за безбедност и здравје при работа во Источно-планскиот регион
Заврши дводневната работилница во Делчево, како дел од проектот „Едукативен центар за безбедност и здравје при работа во Источен плански регион“. Регионалниот центар за застапување од Делчево го стартуваше на почетокот од 2019 година и истиот, како што информираше координаторот Родне Деолска, е продолжение на минатогодишниот проект што се однесуваше на промовирање на стандарди за безбедност и здравје при работа.
– Проектот што ќе се реализира во период од осум месеци ќе биде поделен во три фази. Првата фаза е комплетно наменета за работилници за зајакнување на капацитетите на граѓанските организации во делот на организациска самопроценка, управување со човечки ресурси и финансиско работење. Втората фаза е наменета за активности поврзани со формирање на мрежа на граѓански организации, кои дел од својата работа ќе ја насочат кон промовирања и залагања во областа безбедност и здравје при работа, информира Деолска.
Додава дека овие активности ќе бидат регулирани со потпишување меморандум за воспоставување мрежа и акциски план врз основа на кој ќе се одвива работењето на мрежата.
Проектот предвидува и трета фаза што ќе се одвива паралелно со првите две, а се однесува на формирање центар за безбедност и здравје при работа за Источен-плански регион. Целни групи во рамки на третата фаза ќе бидат граѓанските организации, бизнис секторот, стручната јавност и медиумите од Источно-планскиот регион.
Проектот е финансиран од Европската Унија, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица