Балкан
17. December 2015 - 11:12

Во Подгорица уапсен Светозар Маровиќ

Поранешниот претседател на Србија и Црна Гора, Светозар Маровиќ е уапсен денеска во Подгорица по налог на специјалниот државен обвинител, објавија Вијести.

Маровиќ, е претседател на политичкиот Совет на Демократската партија на социјалистите. 

Милош Маровиќ, син на високиот функционер во ДСП беше префрлен во почетокот на месецот во истражен затвор во Подгорица и одреден му е притвор од 30 дена поради сомневање дека е вмешан во незаконска продажба на државно земјиште крај Будва.