Во Подгорица се одржа нов протест против најавениот Темелен договор за уредување на односите со СПЦ
Пред зградата на Владата на Црна Гора синоќа повторно се одржа протест поради најавата на премиерот Дритан Абазовиќ дека Владата в четврток ќе се произнесе по Темелниот договор за уредување на правната рамка на односите со Српската православна Црква.
Учесниците на протестот, меѓу другото, порачаа дека таквиот текст на Темелниот договор е штетен за сите граѓани на Црна Гора, истовремено повикувајќи ја Владата „наместо митоманија, конечно да ја донесе европска иднина“.
Милош Ѓуричковиќ, член на Организацискиот одбор на протестот, рече дека „постојат индиции дека идната недела ќе биде изгласан капитулантскиот договор“.
Портпаролот на Либералната партија Амар Боранчиќ изјави дека смета оти со уривањето на владата на Здравко Кривокапиќ ја вратиле земјата во рамките на граѓанска и европска Црна Гора. „Договорот со Српската црква очигледно има за цел создавање држава во држава. Ако Владата не се откаже, прашање е до кога ќе потрае“, рече Боранчиќ.
Граѓанскиот активист Александар Зековиќ рече дека текстот на „таканаречениот Темелен договор” е штетен за сите граѓани, повикувајќи ги и Албанците да им се придружат во борбата.
Организаторите најавија повторно да се одржи протестен собир непосредно пред одржувањето на закажаната владина седница.
На протестот, меѓу другите, присуствуваа и пратеникот на Социјалдемократската партија (СДП) Драгиња Вуксановиќ Станковиќ и портпаролот на Социјалдемократите (СД) Никола Зиројевиќ.
Ново на Сител
-
СДСМ: Од септември покачување на платите во одбраната, полицијата, образованието и детската заштита
-
Парламентот на Црна Гора ќе расправа за разрешување на владата на Дритан Абазовиќ
-
ВМРО-ДПМНЕ: Се што фатија СДСМ уништија, ВМРО-ДПМНЕ и Пецаков ќе го организираат Охридскиот маратон
-
Санкционирани 204 возачи во Скопје, 53 возачи на мотоцикл
-
Тим на македонската историската комисија: Бугарски историчари шират лажен триумфализам
-
НП „Маврово”: Повредена мечка на потегот Јанче- Ростушки Мост, може да биде агресивна
-
ВМРО-ДПМНЕ: Низа понижувања се одлуките на Комисијата која ги задоволува барањата на Бугарија
-
Повредените во автобуската несреќа ќе бидат префрлени до границата со Србија, возачот останува во притвор