Во почетокот на февруари ќе се знае методологијата за утврдување на имотната состојба на судиите
Како што соопшти денеска претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска, во завршна фаза е дефинирањето на критериумите по кои ќе се составува списокот, а тие генарално се однесуваат на тоа кој судија најмногу ги држел предметите, кој веќе се нашол пред РСС, за кој има најмнгоу поплаки од граѓаните. Во предвид ќе биде земен и начинот на распределба на предметите.
Според Ивановска, на списокот ќе се најдат и судиите за кои до ДКСК стигнале поплаки од граѓаните.
-Ние не најавивме ветинг во целина. Рековме дека ќе посегнеме до каде што е нашата надлежност, а тоа е испитување на имотната состојба. Со оглед дека станува збор за голем број судии, 600 – 700, апсурдно е да се занимаваме со сите. Работиме на методологијата за избор на примерок заедно со Републичкиот судски совет (РСС) кој треба да ни ги достави податоците по што, всушност, ќе утврдиме кои судии ќе бидат предмет на нашата работа, изјави Ивановска, одговорајќи на новинарски прашања пред годишната конференција во рамки на проектот „Заедно во борба против корупција“.
ДКСК во моментов ги чека податоците од РСС.
-Ќе направиме список од судии и обвинители на кои ќе работиме. Ги дефинираме чекорите со РСС. Имавме средби изминатиот период, се договаравме околу критериумите и поставивме неколку основи како репер. Сега ги чекаме податоците од РСС, кај и да е, треба да стигнат. За сите документи што ги бараме има 15 дена рок за доставување. Нашата намера е во првата недела од февруари да излеземе со годишниот план. Се надеваме дека ќе успееме во тоа, рече претседателката на Комисијата.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово