Македонија
21. April 2019 - 15:47

Во Пелагониските општини – фер и демократска изборна атмосфера

– Во општинските изборни комисии од Битола, Демир Хисар, Новаци и Могила информираат дека избирачкиот процес во Пелагониските општини се одвива во фер и демократска атмосфера.

На подрачјето на Општина Битола до 15 часот гласале 32,81 насто од 81.738 гласачи евидентирани во Единственот избирачки список, додека во Општина Демир Хисар гласале 43,63 проценти од 6.955 граѓани со право на глас.

Во Општина Новаци до 15 часот гласале 44,81 насто од 2.959 гласачи, додека во Општина Могила на денешните претседателски избори гласале 31,88 жители од таа општина, информираа од ОИК-Могила.