Во Пехчево ќе се засадат 13 илјади садници за „Денот на дрвото“
Во општина Пехчево ќе се засадат 13.000 садници во есенската акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“, најавена за 2 декември.
Според планот, подготвени се површини за засадување на Буковик, каде ќе се засадат борови садници, додека во градот Пехчево и на локација до градскиот стадион ќе се засадува украсна смрча.
Градоначалникот на Општина Пехчево, Игор Поповски ги повикува сите граѓани на општината да се вклучат во есенската акција „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“.
- Очекувам и оваа есенска акција да биде масовно поддржана од жителите на Пехчево. За таа цел и оваа година имаме обезбедено превоз со теренски возила, а Пехчево, како дел од Малешевијата, која е една од најбогатите планини со шума, мора да придонесе за збогатување на шумскиот фонд и со засадување на што повеќе садници да се придонесе кон унапредување на животната средина, истакна Поповски.
Во акцијата ќе бидат вклучени и учениците од ООУ „Ванчо Китанов“ од прво до шесто одделение кои ќе бидат ангажирани во активности за еколошко уредување и засадување шумски садници во училишниот двор, додека учениците од седмо до деветто одделение, како и учениците од дисперзираните паралелки во Пехчево при ОСУ„Ацо Русковски“-Берово ќе бидат вклучени со засадување шумски садници на најблиската локација до училиштето. Акцијата во Пехчево ќе започне во 9:00 часот.
Ново на Сител
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата
-
Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван
-
Лични документи можат да се подигнат и денеска