Во Париз ќе се одржи средба на градоначалници паралелено со конференцијата за климата
Ал Гор, Роберт Редфорд, Арнолд Шварценегер се меѓу учесниците на средбата на градоначалниците, организирана од градоначалничката на Париз, Ан Идалго и поранешниот градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг, која ќе се одржи паралелно со 21. меѓународна конференција под покровителство на Обединетите нации во борбата против климатските промени.
Поканети се околу 900 лица. Американскиот актер и режисер Роберт Редфорд ќе биде еден од говорниците од името на еколошката невладина организација „Светот за заштита на националните ресурси“.
Поранешниот гувернер на Калифорнија, актерот Арнолд Шварценегер ќе ја претставува организацијата за климата „Р20“, поранешниот заменик-претседател на САД и активист за заштита на животната средина Ал Гор ќе говори во име на „Проектот за климатска реалност“.
На средбата ќе учествуваат градоначалниците на Барселона, Рио де Женеиро, Сиднеј, Монтреал, Лос Анџелес, Чикаго, Истанбул, Стокхолм, Дакар, Мадрид, Јоханесбург, Сеул, Берлин, Сантијаго.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право