Во Парагвај евакуирани над 70 илјади луѓе поради поплави
Повеќе од 70 илјади лица се евакуирани во Парагвај поради големите поплави, кои ја погодија земјата по обилните врнежи, соопштија властите.
Нивото на реките во Парагвај се зголеми денеска на речиси 7,2 метри по врнежните, кои траат веќе неколку седмици, што е блиску до највисоко ниво од 7,72 метри забележано во 1983 година.
Се очекува многу поголем број луѓе да бидат погодени од поплавите ширум земјата, бидејќи се зголемува нивото и на други реки во Парагвај.
Особено се загрозени луѓето, кое живеат во населбите на помала надморска височина.
Голем број луѓе се обидуваат да пронајдат засолниште во камповите на повисокиот терен, каде спијат во импровизирани шатори.
Конгресот на Парагвај минатата недела воведе вонредна состојба и ја овласти Владата да издвои четири милиони долари за помош на семејствата, погодени од поплавите.
Ново на Сител
-
Транспортиран пациент од Унгарија
-
Охридското езеро под притисок од пловилата
-
Вучиќ и се „заблагодари“ на Македонија што е коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
Аеро клубот „Штип“ одбележа 100 години од своето постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024