Свет
10. August 2018 - 16:43

Во оружениот напад во Канада, загинаа двајца полицајци и двајца цивили

Во оружениот напад во градот Фредериктон, во канадската провинција Њу Брунсвик загинаа четири лица од кои двајца полицајци.

Претходно, канадската полиција соопшти дека по инцидентот уапсила едно лице.

Во реонот каде се случи инцидентот покрај приватни домови има и неколку деловни објекти.

Полицијата се уште не соопштува детали за инцидентот.