Во општините Дебар и Центар Жупа навреме отворени сите избирчки места
Во општините Дебар и Центар Жупа во седум часот отворени се сите избирачки места и гласањето се одвива без проблеми.
- По вчера, навреме распределениот избирачки материјал, денеска без никаков проблем беа отворени сите 27 избирачки места, 15 кои припаѓаат на изборна единица пет и 12 на изборна единица шест. Своето право на глас треба да го остварат вкупно 17.461 граѓанин, 8.705 во петатта и 8.705 во шестата изборна единица, информира Али Реџа, секретар на Општинскаа изборна комисија за Дебар.
Според него во гласачкото ливче за петта изборна единица се десет политички субјкети, односно пет коалиции и исто толку политички партии, додека во шестата за девет политички субјекти, пет коалиции и четири политички партии.
- Сите 16-сет избирачки места во општина Центар Жупа се навреме отворени и гласањето тече без проблеми. Право на глас имат 6.352 граѓани а на гласачкото ливче се ноѓаат 11 политички субјкети, пет коалиции и шест политички партии, изјави Ерхан Зубер, претседател на Општинската изборна комисија.
Во двете општини вчера правото на глас го оствариле 26 болни и немоќни лица, од нив 20 во општина Дебар.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање