Во општини со над 40.000 жители нема ниту еден логопед
Мал е бројот на стручни лица кои работат со дислексија кај учениците. Во Македонија има општини со над 40.000 жители кои немаат ниту еден логопед, а Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас кој ја покрива целата држава, има само 14 логопеди што е мала бројка и за Скопје, беше речено на денешната конференција „Дислексијата (не) препознаена од институциите”.
Експертите велат дека дислексијата не треба да се гледа како попреченост, туку како стил на учење, а со правилна едукација на наставниот кадар и стручните служби во училиштата, децата со дислексија ќе можат да го постигнат нивниот вистински потенцијал.
Според нив, македонскиот образовен систем не е соодветен за стилот на учење на дислексичарите. Дислексијата не е болест и во никој случај не треба да се зборува за „дијагноза“, што претставува медицински термин. Менталната функција која ја предизвикува дислексијата е дарба, а личностите со дислексија имаат заеднички ментални функции, како креативноста, интуицијата, гледањето имагинарни слики како 3Д проекции.
- Тргнувањето на училиште го зголемува притисокот врз децата со дислексија. Во тој момент односот со околината станува се покомпликуван, стравовите се поголеми, а можностите за помош се помали. Во нашата земја нема правило за систематско следење на децата од предучилишна и училишна возраст со кои би се откриле симптомите за дислексијата и потешкотиите во читањето и пишувањето, за разлика од други западни земји, рече директорката на Заводот Славица Филипова.
Александра Каровска Ристовска од Институтот за дефектологија истакна дека предметот Дислексија и дисграфија досега беше изборен, но од септември влегува во редовната настава под наслов „Специфични тешкотии во учењето“. Од септември почнува и нов модул на постдипломски студии под истото име, а во иднина се надевам дека надлежните ќе имаат слух и за отворање специјалистички студии, истакна Каровска Ристовска.
Конференцијата ја организира Здружението за дислексија „Ајнштајн“ како дел од проектот „Инклузивни образовни политики за учениците со дислексија” финансиран од Фондација Отворено општество Македонија.
Во рамки на проектот во изминатите шест месеци беа едуцирани околу 250 претставници на стручните служби во 65 основни училишта од територијата на Град Скопје. Психолози, педагози и дефектолози се подготвија за препознавање на состојбата дислексија.
Ново на Сител
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите
-
Преглед на вестите од светот
-
Осум уапсени за сквернавење на македонското знаме, ќе има уште многу, најавуваат од МВР
-
Мицкоски: Инцидентите се дел од планот за дестабилизација
-
Мицкоски најавува справување со корупцијата во правосудството од понеделник
-
Мицкоски: Ние веќе немаме што да дадеме